
Еразмус + ЈТ


Наслов на проектот: Инклузивна настава: Обликување посветла иднина преку образованието (Inclusive Teaching: Shaping a Brighter Future Through Education)
Овој Erasmus+ KA1 проект е насочен кон подобрување на квалитетот на стручното образование преку воведување современи инклузивни практики, Универзален дизајн за учење (UDL) и методологии за развој на социјално-емоционалните вештини кај учениците. Преку остварената мобилност и студиските посети во Палермо, Италија, наставничкиот кадар се стекна со практични знаења за адаптација на наставните програми, примена на диференцирана настава и дидактички алатки за поддршка на сите ученици, со посебен фокус на неуродиверзитетните ученици и учениците со потешкотии во учењето. Резултатите од проектот се преточени во два методички прирачници за примена во секојдневната настава.