top of page

Успешно реализиран проект на ОСУ „Јовче Тесличков“ од програмата Еразмус+, Клучна акција 1: Мобилности заради учење на поединци, од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Реализацијата на Проектот„Digital marketing - perfect formula for next generation entrepreneurs - Дигиталниот маркетинг – перфектна формула за идните генерации претприемачи“ заврши на 31ви август, а, како дел од него, од 1ви јули до 14ти јули се реализираше мобилност во Брага, Португалија, каде учество земаа осум ученици од нашето училиште од III и IV година.

Основната цел на проектот беше учениците преку практична работа, во различни компании, да ги развиват своите претприемнички вештини и да се стекнат со практични знаења од сферата на дигиталниот маркетинг.

Освен што учениците имаа исклучителна можност за практична работа во компании во Брага, се реализираа и културолошки посети на историски знаменитости во повеќе различни места низ Португалија.

Одговорни наставници: Маја Талеска Панова, Марија Панчевска и Радмила Андовска.

bottom of page